Засилено е обезбедувањето околу домот на албанскиот премиер Еди Рама и ограненичено му е движењето во јавноста, по јавно упатената закана од мајката на Констандинос Кацифас дека ќе ја одмазди крвта на синот.
Мајката на Кацифас, кој беше убиен во престрелка со полицијата, на 40-дневниот помен одржан во родното село Буларат, низ лелек пред гробот на синот вети дека ќе одмазди.
– Ќе го убијам Еди Рама. Ми го зеде мојот херој. Јас ќе ја платам крвта на син ми, порача мајката на Кацифас.
Оваа изјава, според весникот „Коха јон“ надлежнте служби ја сфатиле многу сериозно, односно како многу сериозна закана по живот.
-Сомневајќи се дека ултранационалистичките грчки кругови можат да помогнат во ова сценарио, албанските тајни служби поставија агенти за контрола на движењето на мајката на Кацифас. Службите се сомневаат дека таа тајно може да дојде до главниот град на некоја активност на премиерот, пишува „Коха јон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.