На стратешкиот форум во Блед, албанскиот премиер ги критикуваше и институциите на ЕУ за одложување на проширувањето.
Нема иднина за Европа без Западен Балкан во рамките на ЕУ. Ако ЕУ продолжи вака, се разбира дека нема да биде добро за нас, но ќе биде уште полошо за ЕУ“, рече Рама, како што пренесе Косовски печат.
Тој доби аплауз од присутните кога рече дека жителите на земјите од Западен Балкан се смеат дури и кога страдаат, додека во ЕУ не се во можност да го сторат истото.
Прво, дозволете ми да ве натерам да се смеете во оваа мрачна атмосфера. Има нешто на Балканот што мораме да го задржиме, да се смееме дури и кога страдаме, што во членките на ЕУ, како што е Германија, тие не се способни да го направат“, тој додаде.
На истиот форум, Рама го повика бугарскиот претседател Румен Радев да ги надмине проблемите со Македонија.
Сакам да ја искористам можноста и да му кажам на претседателот на Бугарија, ве молам, вие Бугарите, не бидете толку европејци, бидете малку балканци рече Рама .Отворете го патот за разговор. Дозволете ни да преговараме со нив, а потоа можете да бидете балканци и да бидете цело време на патот и да кажете не – ние блокираме овде, блокираме таму, но, ве молам прво отворете го патот, додаде Рама во обраќањето.
Меѓу сите присутни она по кое се издвојуваше Еди Рама е неговиот стил. Елегантноста ја зачинува секогаш со патики, овој пат во очи паѓаа и неговите црвени чорапи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.