Aлбанскиот премиер Еди Рама, околу можноста да се одвојат Скопје и Тирана сега кога Македонија е блокирана од страна на Бугарија, ја потенцира својата поддршка за земјава и изрази надеж дека лидерите во Скопје и Софија „ќе покажат мудрост и ќе го надминат спорот“.

– Кога ќе се материјализираат конкретните чекори, како првата меѓувладина конференција, не е всушност до нас. Живееме во различни времиња. Не се ова најдобри времиња за нас во регионот, изјави Рама одговарајќи на прашањето за почетокот на преговорите со Македонија и Албанија пред неговите соговорници високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Рама, исто така, посочи оти кога дознал дека идентитетските прашања се покренати во процесот на преговори за Македонија, тој бил „ужаснат“.

 

– Ова е најлошата можна дискусија кога е потребен консензус за постигнување на следниот чекор, затоа што е комплицирано, затоа што е емотивно и се надеваме дека мудрите лидери на Македонија и Бугарија, кои се мудри, ќе го решат ова сами и се надевам дека нема да чекаат некое волшебно стапче од Берлин, Лондон или од каде било, затоа што тоа нема да се случи. Треба да најдат начин сами да се договорат, порача албанскиот премиер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.