Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека еден од петте уапсени антиваксери бил вакциниран против коронавирусот.
Од петмината антиваксери кои беа приведени, еден беше вакциниран и истовремено ги ширеше најстрашните можни лаги против вакцинацијата. Значи, излезе, вие се заштитивте, но велите дека другите не треба да се вакцинираат. Тоа е најстрашното лицемерие. Антиваксерите навистина ја загрозуваат националната безбедност. Тие преку социјалните мрежи сериозно ги загрозуваат безбедноста и животот на луѓето, шират паника и лажни вести, изјави Брнабиќ за ТВ Прва.
Неколкумина активисти против вакцините се уапсени оваа недела во Србија поради ширење паника. Таа тврди дека протестите против вакцинацијата не се само српска специфичност, туку се случуваат и на други места во Европа.
Нашиот народ е одличен, и покрај силното лоби против вакцинацијата. Ние сме најдобри во Европа според бројот на вакцинирани лица, рече премиерката на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.