Префектот на грчката област Централна Македонија, Апостолос Ѕиѕикостас, вели дека додека е тој на чело на периферијата нема да се променат таблите на кои сега пишува Скопје за нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.
Во интервју за грчката телевизија „Скај“, Ѕиѕикостас кој доаѓа од редовите на Нова демократија потенцира дека тој нема да го користи името Македонија, бидејќи за него земјата „била е и ќе биде Скопје“.
Нема шанси на пат што е во наша одговорност, на периферијата да се постави табла на која ќе го пишува терминот Македонија. Да биде јасно, сѐ додека сум јас префект, на таблите на нашите улици ќе пишува Скопје, вели Ѕиѕикостас.
Прашан што ќе направи ако владата му изврши притисок за конкретното прашање, префектот вели дека и досега покажал дека „не подлегнува на таков вид на притисоци“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.