Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски вознемирен дека новите бугарски власти, откако на изборите победи партијата „Промените продолжуваат“,ќе ја предаделе Бугарија.

Вели дека евентуалнио идниот премиер, Кирил Петков не ги ни споменува националните идеи, а плановите за Скопје се состојат само во „сè да се завитка во убаво пакување, кое нема врска со реалноста“.

Очигледно, најважна тема за овие луѓе во односите со Македонија е прашањето за авионска врска меѓу Скопје и Софија.

Исто како што, патем, пред неколку месеци за едни други, најважно беше да летаме заедно во вселената. И ни збор за цврстата заштита на бугарскиот национален интерес, ниту една реченица за бруталната кражба на историјата и секојдневното кршење на човековите права.

Ова се новите паметни и убави, кои со насмевка на лицето ќе ни објаснат како доброто допрва доаѓа и ќе ни го продадат во прекрасно пакување. И кога ќе се разбудиме од опиеноста на нивната шарена приказна, ќе сфатиме дека единственото нешто што е продадено е нашето национално достоинство и нашиот национален интерес“, пишува Џамбаски кој е од редовите на партијата на Красимир Каракачанов која катастрофално со околу 1% гласови поддршка помина на последните избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.