Како што објавија дел од бугарските медиуми, на социјалните мрежи таму се појавило видео на кое се гледа како европратеникот на ВМРО, Ангел Џамбаски, фрла петарди кон демонстрантите пред седиштето на партијата, а ги полева и со вода од црево.
За потсетување, пред неколку дена имало тензии, откако демонстрантите, кои со месеци бараа оставка од премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев, решија да одат во седиштето на ВМРО во центарот на Софија.
По петардите и полевањето со црево и вода од прозорецот на горниот кат, каде што е сместена ВМРО, вратата била искршена. Според информациите, полицијата која пристигнала на местото привела две лица, пишува Клубз.бг.
Инаку европратеникот Џамбаски е најжесток критичар на Македонија во Европскиот Парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.