Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент, Ангел Џамбаски, изрази огорченост поради честитките на Руската амбасада во Скопје до македонскиот народ на 24 мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

Бугарија за прв пат на овој ден го одбележи Денот на бугарското писмо, додека порано овој ден беше наречен Ден на словенската писменост, бугарското образование и култура, но минатата година официјално беше преименуван во Ден на светите браќа Кирил и Методиј, бугарско писмо, образование, култура и словенска литература.

Предлогот празникот да се нарече Ден на бугарската, а не на словенската писменост, дојде од ВМРО БНД.

Според партијата, оваа иницијатива има цел празникот да се огради од обидот на Скопје да ја присвои кирилицата.

Руската амбасада во Македонија им го честиташе празникот на Македонците, повикувајќи се на зборовите на рускиот претседател Владимир Путин, кој објави дека писменоста во Русија пристигнува од Македонија.

По тој повод, Џамбаски изјави дека македонската нација се појавила во 1945 година.

Тоа е еден од вашите најсрамни фалсификати и најтажни. Писменоста и православието пристигнаа во денешна Русија од Бугарија. Тоа е факт. „Македонската азбука“ е создадена заедно со македонската нација во Москва во 1945 година. Таа лага е најголемиот срам. Засрамете се – и порача Џамбаски на Руската амбасада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.