Две француски тинејџерки (16 и 19) се удавија во хотелски базен во областа Лалисос на Родос, соопштија властите и додадоа дека причините за несреќата засега се непознати.
Веста за несреќата била добиена вчера околу 21 часот кога на базенот немало спасувачи, пренесе грчката новинска агенција „АНА“.
Телото на едната девојка е пронајдено како лебди на површината на водата, додека другото било пронајдено на дното, а според пишувањата на локалните медиуми, едната настрадала обидувајќи се да ја спаси другата сестра.
Поради несреќата, локалниот обвинител побарал апсење на менаџерот на хотелот и спасувачите кои би требало утре да дадат изјава.
Во меѓувреме, грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, изјави дека министерството ќе ја следи истрагата.
Девојките биле на Родос со уште една сестра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.