Во тешка сообраќајна несреќа која се случила денеска недалеку од Нови Сад во Србија загинале три лица, сестрите Добрила (27) и Вида Милиќ (21), како и Лилјана Матиќ (62), пренесува Курир.

Според неофицијални информации, Матиќ возела Опел Мерива, а девојките се возеле во друг автомобил со кој управувал 27-годишниот Небојша Алексиќ, кој е тешко повреден во несреќата.

Како што јавуваат српските медиуми, наводно до несреќата дошло кога жената која возела Опел со новосадски регистарски таблички, се обидела да го помине возилото пред себе, па на тој начин директно се судрила со автомобилот во кој се наоѓале двете сестри, кој исто така бил со новосадски таблички.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.