Поради зголемениот број новозаразени и хоспитализирани и поради големиот притисок врз здравствениот систем во областа Атика, односно поширокиот регион на Атина, две приватни клиники ќе се вклучат во борбата со Ковид-19.

Како што соопшти министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, атинските приватни болници целосно ги отстапуваат нивните клиники во рамките на владиниот план за вонредни потреби.

Од четврток, двете клиники, комплетно, со целокупниот персонал и доброволно ќе му бидат на располагање на државниот здравствен систем и ќе примаат пациенти со Ковид-19.

Министерството за здравство направи, прави и ќе продолжи да прави се што е неопходно за никој наш сограѓанин да не остане без медицинска нега – истакна Кикиљас соопштувајќи го вклучувањето на приватниот сектор во битката со корона вирусот.

Капацитетите на одделите за интензивна нега во атинските државни болници се над 90 отсто исполнети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.