Две лица загинаа рано изутринава на автопатот Белград – Ниш, кај месноста Мала Крсна, јавуваат српските медиуми. Станува збор за 59 годишен маж и 33-годишна жена.
Според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобилот, марка „шкода“ со заејечарски регистерски ознаки, којашто се движела по коловозната лента, од засега непознати причини со предниот дел од возилото удрил во автомобил на „Патишта Србија“ кој стоел во лентата за запирање, а потоа и во банкината.
Дел од локалните медиуми пренесоа дека на задните седишта имало и две деца, коишто се пренесени во болница во Смедерево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.