Со промената која ние од ВМРО и Обединети патриоти ја предложивме во Кодексот на трудот, 24 мај веќе е факт. Беше востановена историската вистина. Се покажа пред светот дека кирилицата е бугарска азбука. Променувајќи ја словенската писменост со бугарска во именувањето на празникот, ние придаваме тежина на бугарската писменост. Покажуваме дека кирилицата е во основата на словенската книжевност – изјави Марија Цветкова, пратеничка во бугарскиот парламент од редовите на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, во гостување во „Темите“ на бугарската ТВ „Европа“.

Измените на 9 декември го поминаа второто читање во Народното собрание на Република Бугарија, со што празникот доби нова формулација: „24 мај – Ден на Светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската книжевност“.

Не се откажуваме од делото на светите браќа Кирил и Методиј. Претходно тие не беа дел од формулацијата на празникот. За првпат и тие учествуваат во неа, така ние ја покажуваме нашата почит кон нивното дело. Формулацијата меѓу првото и второто читање претрпи промени, благодарение на спроведените дискусии со научниците и претставниците на Бугарската академија на науки (БАН) – рече Цветкова.

Секако, таа зборуваше и за Македонија и ветото од Бугарија.

Бугарија не ја сопре Македонија кон ЕУ. Бугарија во последните години направи сѐ што е возможно Македонија да стане членка на ЕУ. Потсетувам дека Бугарија прва ја призна Македонија пред 30 години. Ѝ ја призна независноста за да може Македонија да добие независност од Југославија. Бугарија направи сѐ што е можно и други држави да ја признаат. Ние подаваме рака на Македонија, на нашите собраќа, зашто имаме заедничка историја. Две држави – еден народ. Властите на Македонија очигледно не сакаат таа да влезе во ЕУ. Не може да ги почнат преговорите за во ЕУ ако тоа е во спротивност со бугарскиот национален интерес. Ние ќе продолжиме да им помагаме, да подаваме рака на Македонија, но тоа нема да го правиме за сметка на кражбата на историјата или говорот на омразата – категорична е сопартијката на Каракачанов.

Македонија треба да си го реформира образовниот систем – не може да пишува дека сме фашистички окупатори и татари, а ние трпеливо да чекаме тоа да го променат. Треба да запре кражбата на бугарските историски личности – лидерите и водачите на ВМРО – Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров. Тие кажале дека се Бугари, тоа го пишува во
нивните лични документи. Не може комисијата за разјаснување на историските прашања да не работи. Освен што не работи, тие си поигруваат со нас. Одново ја покренуваат темата за Самуил. Нема бугарско срце кое не затреперува при споменувањето на цар Самуил. Непријателот на цар Самуил бил Василј Бугароубиец, а не македоноубиец , рече Цветкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.