Дванаесет анестезиолози од Универзитетскиот клинички центар во Сараево поднеле барање за раскинување на договорот бидејќи не се задоволни од условите за работа и медицинската услуга што им се пружа на пациентите во таа болница.

Ситуацијата кулминираше минатиот месец кога тие испратија писмо до раководството на Центарот во кое предупредуваат на катастрофални услови за работа и употреба на несоодветни респиратори за пациенти со Ковид-19.

Обвинителството на кантонот Сараево формираше случај, а истражителите од Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) влегоа во КЦУС и запленија документи што ќе помогнат во истрагата за да се утврди дали се исправни респираторите што биле увезени од Кина минатата година преку фирмата „Сребрена малина”, колку од нив се во функција и дали на пациентите им е обезбедена соодветна медицинска нега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.