Две лица загинаа, а четворица се повредени кога автомобил влета во група од шест велосипедисти на автопатот Птолемаис-Ардаса во близина на Кожани, Грција, пренесе локалниот сајт kozan.gr.

(фото: kozan.gr)

Возилото „тојота“, со коешто управувала жена, под засега неутврдени околности влетало во групата велосипедисти, малку по 13 часот.

(фото: kozan.gr)

Во несреќата загинаа 25-годишен српски државјанин, додека втората жртва е од Воден. Повредените се пренесени во локалната болница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.