Три пациенти сè уште се борат за живот после тешката сообраќајка кај Ниш вчера наутро, кога воз преполови автобус полн деца кои одеа на училиште и возрасни кои се упатуваа на работа.

Во текот на ноќта состојбата не им се влошила, вели за српски „Блиц“ директорот на Клиничкиот центар во Ниш, проф. др. Зоран Радовановиќ.

Станува збор за 16-годишно девојче, која била оперирана неурохируршки, поради повреда на централниот нервен систем, момче, исто така 16 години, кој има тешки повреди на ‘рбетот и 31-годишник со повреди на абдоменот.

Останатите 23 повредени патници, од кои 13 малолетници, се во стабилна состојба и не се животно загрозени, но исто така, се под буден надзор на медицинскиот персонал во болницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.