Во малиот приватен авион „Цесна Ц182“ што вчера, по 20 часот се урна во морскиот дел во близина на грчкиот остров Самос имало двајца патници, чии безживотни тела се извлечени од остатоците.
Авионот полетал од Израел, а причините за несреќата сè уште се непознати.
Од агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција соопштуваат дека приватниот авион со двајца патници полетал од израелскиот град Хаифа, а според доставениот план за летање требало кусо по 20 часот да слета на аеродромот на Самос. Сепак, непосредно пред слетувањето се загубила комуникацијата со контролата на летање и веднаш бил информиран Центарот за истрага и спасување.
Надлежните органи почнале спасувачка акција во морскиот дел јужно од аеродромот на островот за пронаоѓање на авионот и патниците, а крајбрежната служба ги пронашла и извлекла двете безживотни тела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.