Двајца затвореници побегнале од најголемиот грчки затвор во Коридалос, западно од Атина, најверојатно, со сечење на решетките од вратите на затворските келии и со прескокнување на затворската ограда, по што грчката полиција започнала интензивна потера по нив.

Двајцата мажи, браќа кои биле осудени за грабеж, очигледно избегале по ноќната прозивка, соопшти полицијата.

Бегалците ги пресекле решетките на нивните ќелии и излегле во мал двор, од каде што, со помош на импровизирано јаже со кука изработено од вреќи, се качиле на надворешниот ѕид на затворот и го прескокнале истиот, се наведува во соопштението.

Во вторникот наутро, затворските власти откриле дека двајцата затвореници се исчезнати и веднаш започнале истрага за нивното бегство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.