Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека 20 проценти од населението веќе има примено по две дози од вакцините против корона вирусот, а околу 26 проценти од граѓаните се вакцинирани со една доза.
Брнабиќ прецизира дека во популацијата на возраст од 65-74 години вакцинирани се 51 отсто, а во делот од населението од над 75 години се вакцинирани 41 процент.
Во Србија вчера пристигна нова пратка од половина милион дози вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ против коронавирус.
При приемот на вакцините, Брнабиќ изјави дека со тој контингент, Кина доставила вкупно 2,5 милиони вакцини на Србија.
Имаме нешто помалку од милион од сите други вакцини. Утре, кога пристигнуваат 106.470 вакцини на „Фајзер“, ќе ја надминеме бројката од 3,5 милиони добиени вакцини. Кога велам добиени, мислам – испорачани, бидејќи плативме за сите вакцини што ги имаме – изјави Брнабиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.