Два земјотреса со јачина од 4,4 и 4,2 степени денеска го погодија грчкиот остров Закинтост и ги вознемириja туристите и локалното население.

Епицентарот на првиот земјотрес бил во морето јужно од островот на длабочина од 20 километри, додека вториот епицентар бил исто така во морето, но западно од островот со длабочина од 9,2 километри, пренесува новинската агенција „АНА“.

Првиот земјотрес се осетил во 1.43, а вториот во 9.53 часот по локално време, соопшти Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина.

Грчки „Катимерини“ потсетува дека на островот лани во октомври имаше земјотрес со јачина од 6,4 степени по што се создаде голема материјална штета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.