– Во Косово во минатото деноноќие се регистрирани нови 13 смртни случаи како последица на заразата од Ковид-19, а во истиот период има и 590 нови случаи кај кои е откриен коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последните официјални статистики, досега од појавата на епидемијата, во Косово вирусот е откриен кај вкупно 45.594 лица, од кои починале 1.174 заразени.

Последните 24 часа, согласно последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, како излекувани од болеста се евидентирани 696 лица кои претходно биле дијагностицирани со Ковид-19, со што бројката на оние кои ја совладале болеста достигна до 32.498.

Активни во моментов, според официјалните податоци, се 11.922 случаи.

Вчера се извршени 1.775, а вкупно досега 160.352 тестирања со методот РТ-ПЦР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.