Натпреварот во лежење, што започна на 20 август, во Црна Гора, заврши, а победник е Дуда Алесиќ. Новиот рекорд е 117 часа, а го постигнаа речиси сите тројца натпреварувачи кои до самиот крај се бореа за наградата од 300 евра.
Победникот е Дуда Алексиќ со 117 часа, а само 5 минути порано џентлменски стана Никола Бошковиќ и 115 часа издржа и Марко Вуќковиќ. Сите се морални победници. Ѝ честитаме на Дуда, напишаа организаторите.
Претходниот рекорд беше 49 часа.
Натпреварот 10. пат по ред го организира црногорското Етно-село „Монтенегро“, оддалечено 34 километри од Никшиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.