Со знамето на косово поставено во срцето на двоглавиот орел и со пораката „Постои само една земја, сите останати се сенки“. Вака светски познатата Дуа Липа честиташе 12 години од прогласувањето на независност на Косово.
12 години независност! Една нација, едно знаме, порача пејачката.
💛12 YEARS INDEPENDENCE 💙 #njikombnjiflamur 👐🏼🇽🇰👐🏼🇽🇰👐🏼 pic.twitter.com/W6c8fLeDWR
— DUA LIPA (@DUALIPA) February 17, 2020
Дуа Липа e роденa во 1995 година во Лондон, во семејство на албански родители од Косово, кои ја напуштиле Приштина во 1990-тите години. Таа делумно се школувала во уметничкото училиште „Силвија Јанг“, пред да се пресели во Косово со своето семејство во 2008 година, а само две години подоцна на возраст од 15 години, таа се вратила во Лондон со цел да стане пејачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.