Државјанинот на Србија, Љуљзим Сулејмани од Прешево и неговата вереница од Куманово имале луда среќа да го преживеат пеколот во автобусот на смртта, во кој утринава на пат од Истанбул кон Скопје изгореа 46 патници, а меѓу кои и деца.
Од пламенот кој го зафатил автобусот за неколку секунди се спасиле само 7 патници, меѓу нив Љуљзим и неговата сакана.
А само неколку часа пред трагедијата Љуљзим и вереницата од Куманово, објавувале вљубени фотографии на социјалните мрежи на кои се држат за раце ниту насетувајќи како пекол ги чека на патот. Во моментов како што пренесуваат медиумите во соседството и двајцата се во болница во Софија.
Единствениот државјанин на Србија кој беше во автобусот е Љуљзим Сулејмани од Прешево и тој е меѓу преживеаните патници. Како и неговата вереница од Куманово со која бил на патување во Истанбул, рекол за српски Курир, премиерот Заев.
Колку за потсетување несреќата се случи во раните утрински часови, југозападно од Софија во близина на селото Боснек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.