Во Македонија е стациониран разузнавачки центар кој работи против интересите на Србија, изјави Милован Дрецун, претседател на собраниската комисија за Косово и Метохија во српскиот Парламент.

Дрецун за српски Курир изјави дека пред два месеца е формиран силен разузнавачки тим кој е маскиран во претставништвото на еден голем производител за автомобили во Скопје.

Целта на овие разузнавачи е да го блокираат решението на проблемот меѓу Белград и Приштина.

Според Дрецун тимот разузнавачи е составен со оперативци од Бугарија, Албанија, Македонија и Германија.

Тој изјави дека во некои соседни земји се води силна кампања против било каков договор со Приштина и додава дека Македонија станува центар за силно разузнавачко делување против интересите на државата Србија.

Секое решение за Косово и Метохија е столб на стабилизација на регионот, а непостигнувањето компромис е подготовка за дестабилизација на регионот и создавање на Голема Албанија, изјави Дрецун.

Тој бара одговор од македонската Влада која е целта за формирањето на овој разузнавачки тим и чија е целта целосно да ѝ се наштети на Србија.

Што може тие да работат, освен да собираат и шират дезинформации. Тимот не е формиран да штити наши интереси, туку сосема спротивното. Тоа воопшто не е наивно и секој момент може да изведат медиумска или политичка диверзија, дури и да предизвикаат немири, предупредува Дрецун.


Извор: Ако.мк


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.