Според последните информации, во Србија се потврдени 326 новозаболени лица, а двајца починале. Биле тестирани 7.242 луѓе. На репсиратор се вклучени 25 лица. Досега во земјата починаа 780 лица.

Изразено во проценти, во однос на бројот на тестирани, 4,50 проценти биле заразени. Досега се тестирани вкупно 1.249.106 лица, а 36.608 биле позитивни.

Директорот на Клиничкиот центар во Крагуевац, д-р Предраг Саздановиќ, денеска за РТС изјави дека епидемијата полека се шири насекаде во Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.