Два силни земјотреса во период од три часа ја погодија Албанија, а потресите се почуствуваа и во регионот. Медиумите пренесуваат дека загинале три лица, додека 150 се повредени.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како албанските спасувачи како од рушевините се обидуваат да извлечат дете.
#Earthquake #moment #children #Albania 😭😭 pic.twitter.com/hmgjUXMv4M
— Endri (@endriarizi) November 26, 2019
Долниот дел од телото на детето останал под рушевините, па спасувачите се обидуваат да му помогнат.
Сето тоа се случувало во темница додека луѓето околу нив со ламби се обидуваат да ги осветлат рушевините, трагајќи по повредени.
За потсетување Албанија утрово ја погодија два силни земјотреси со силина од 6,4 и 6,5 степени според Рихтер. Две жртви се жени во Драч, а една жртва е во местото Тумане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.