Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 333 новозаразени со коронавирусот и седум починати пациенти.
Бројот на активни случаи во Хрватска денеска изнесува 1.446, соопшти Државниот штаб за граѓанска безбедност. Од нив 286 се хоспитализирани, а на респиратор се 23 пациенти.
Од 25 февруари во Хрватска до денеска се забележани 17.160 лица заразени со коронавирусот, од кои 291 починаа, а вкупно излекувани се 15.423 лица. Во самоизолација моментално се 8.266 лица.
До денеска вкупно се тестирани 317.199 лица, а 4.793 во последните 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.