Драматични снимки пристигнуваат од Хрватска каде денеска нов силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени ја погоди областа Петриње, а беше почувствуван во целиот регион.
Како што јавуваат репортерите на „Јутарњи лист“, војксата се приклучи кон екипите за спасување.
Не е познато дали има загинати или колку лица се повредени, но во центарот има многу оштетувања на куќите и објектите, разрушени згради, тули на улиците.
Медиумите јавуваат дека е драматично во Загреб.
Земјотресот беше почувствуван во Србија и Босна и Херцеговина – се тресеше во Белград и Бања Лука, Сараево, Краина и Зеница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.