Силениот земјотрес кој денеска одново ја потресе Хрватска, бил почувствуван во целиот регион.
Според ЕМСЦ, потресот бил со јачина од 6,3 степени, а епицентарот бил на 46 километри југоисточно од Загреб, некаде околу Петриња, место кое и вчера беше погодено од низа земјотреси.
Успеавме да извадиме едно дете, тоа беше во автомобил, сè се сруши, сопственикот е внатре, но тој не одговара, изјавил млад човек за телевизијата Н1, во првичен извештај за потресот.
Тешко е, слушнав дека се урнала и градинката, немаше деца во градинката, не знаеме дали имаме мртви, вели друг.
Според податоците од терен, после првичниот земјотрес, се почувствувал уште еден помал.
Засега хрватските медиуми јавуваат за едно загинато дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.