Словенија регистрира двапати повеќе лица заразерни со корона вирус отколку претходниот ден, објавија од владата. Поради зголемениот број хоспитализации потребни се уште 100 легла во болниците.
Во последните 24 часа потврдени се нови 189 заразени, за разлика од вчера кога бројката беше 74 лица, а уште тројца пациенти починале како последица на корона вирусот, објави Хина.
Во земјата од почетокот на епидемијата се заразени 6.764 лица, а 159 од нив починале како резултат од Ковид-19.
Поради големиот процент на заразени и растот на бројот на хоспитализации, владата најави нови мерки и зголемување на капацитетите на болниците.
Меѓу мерките кои се разгледуваат е ограничувањето на работата на рестораните и продавниците, како и намалувањето на бројот на луѓе на максимум десет кои можат да се соберат на едно место, без разлика дали се работи за приватни или јавни простории.
Специјалистот за инфективни болести Бојана Беовиќ, која го предводи владиниот тим за борба противи новиот вирус, синоќа изјави дека ќе бидат потребни дополнителни 100 кревети за болните во наредните денови.
Болниците во Словењ Градец и Чемпетер во близина на Нова Горица веќе се подготвуваат за прием на заразените, а планот е да се прошират капацитетите на клиниката за инфектологија во Љубљана, која го сноси товарот на епидемијата.
Дополнителен проблем е што вирусот навлезе во некои поголеми болници во последните неколку дена, вклучително и во болницата во Јесенице и клиничките центри во Љубљана и Марибор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.