Траектот „Аурелија“ на Кипарската транспортна компанија, со 250 патници и 92 членови на екипажот, утрово доживеа несреќа – 10 милји од Корнати во хрватските територијални води.
На траектот, кој утрово тргнал по редовната линија Анкона – Сплит, му откажа еден од моторите и сега со часови се одржува на вода.
Станува збор за моторен патнички брод, кој превезува 250 патници и уште 92 членови на екипажот. Тој модел на бродот има две погонски машини, од кои едната откажала, а со другата бродот се одржува на површина.
Кон траектот веднаш биле испратени два реморкера.
Акцијата за спасување на траектот „Аурелија“ ја презеде Центарот за трагање и спасување на море во Риека.
Ситуацијата, меѓутоа, не е лесно решлива поради лошите временски услови, односно силниот ветер, два брода за влечење, кои беа испратени утринава кон траектот, морале да се вратат во пристаништето во Шибеник.
Траектот и натаму се наоѓа на 10 милји југозападно од Корнати.
Според последните информации, нема повредени. Инаку, траектот е долг 150 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.