Во хидроелектраната во Дубровник утрово избил пожар, а пожарникари се пробиваат до повредените. Во моментот на пожарот, во хидроелектраната имало 9 луѓе, изјавил началникот на полицијата на Дубровник, Иван Павличевиќ, пренесува „Слободна Далмација“.
Шестмина се извлечени и се однесени во општата болница во Дубровник, а по тројца се уште се трага. Двајца од поврдените биле пренесени во шок соба, а тежината на повредите не е позната, додека првите тројца кои беа однесени во болница поминале без повреди.
Поради густиот чад, пожарникарите не можеле да дојдат до изворот на пожарот, а причината поради која избил се уште не е позната. Како што јавуваат хрватските медиуми, огнот се појавил на 300 метри длабочина, а му претходела силна експлозија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.