Пред хотелот во Тирна каде што вечерва имаат состанок премиерот во заминување Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, во тек е протест против регионалното здружување кое го иницираше претседателот на Србија.
Протестот кој го организираше движењето „Самоопределување“, ги собрало противниците на оваа иницијатива кои носат транспаренти со знамиња од голема Албанија, албански знамиња и извикуваат „УЧК“, свират и извикуваат пораки за незадоволство со споменување на името на Вучиќ.
Неколку од учесниците на протестот се обраќаат преку мегафон, а на многубројните транспаренти се испишани пораки на албански јазик.
Протестот го обезбедува полицијата, а има и голем дел од претставниците на медиумите.
Досега протестот е без инцидети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.