Авионот на германската туристичка организација ТУИ, со 80 патници од Белгија, марало итно да слета на белградскиот аеродром.

Авионот што летал од Санторини кон Брисел слетал на аеродромот „Никола Тесла“ поради дефект и истекување на гориво, објави порталот „Блиц“.

Според објавеното на интернет страницата на „Флајтрадар“, проблемот во авионот се појавил додека летал над Тузла, по што леталото веднаш свртело и се упатило кон најблискиот аеродром, а тоа бил белградскиот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.