Завршен е полицискиот увид за пукањето кое се случи утринава во 08:05 часот на загрепскиот Марков плоштад, а наскоро се очекуваат детали.
Со сериозни повреди завршил еден полицаец, додека пак подоцна пронајден е и напаѓачот кој се самоубил.
Имено, се работи за 22-годишно момче од Кутина кое се огласило на својот Фејсбук профил само неколку минути по нападот.
Доста беше измами и несовесно газење на човечките вредности без одговорност, напишал тој.
За потсетување, утринава со огнено оружје е ранет 31-годишен полицаец кој работел како обезбедување во Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.