Хрватска државјанка, Дора Билиќ пред седум години заедно со нејзиниот сопруг Сенад Авдиќ, заминале во Сирија и се приклучиле на Исламската држава. Тие се запознале во вахабистичката заедница во Горња Маоча и се венчале во 2012 година.

Набргу потоа, тие завршиле во Сирија, поточно во Рака, преку Санџак и Турција. По нејзиниот пад, тие се преселиле во новата престолнина на Исламската држава, Ал-Мајадин во источна Сирија.

Авдиќ бил убиен во борба за калифатот во блискиот Ирак, а од неговиот брак со Дора Билиќ има девојче која треба да има меѓу шест и седум години.

Нема информации дали Дора и нејзината ќерка се на списокот на 260 граѓани на Босна и Херцеговина, чие враќање го најави министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ. Тие се уште престојуваат во кампот Ал Хол, каде ја делат судбината на десетици илјади жени, деца и поранешни воини.

Што се однесува до сестра ми (така се нарекуваат жителите на кампот), не знам точно која е нејзината цел, но од се што гледам, не мислам дека сака да оди никаде од тука. Таа сака нова држава и ја чека тука”, гласи порака од Ал Хол.

Дора, наводно, работи како физиотерапевт во кампот, нешто што го изучувала на академија во Лондон.

 

Таа е физиотерапевт и многу малку време поминува со жени од Балканот, повеќе е со Сиријците. Таа го смени своето име затоа што не сака да се врати”, велат извори од кампот.

Што се однесува до детето, тоа веројатно нема пасоши. Во вакви случаи воспоставена е постапка што ќе и претходи на депортацијата и ќе треба точно да се утврди кои се биолошките родители и дали децата имаат право на државјанство во БиХ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.