Татјана Дончева од „Стани БГ. Доаѓаме“, која е најмалата коалиција во 46. Народно собрание и која веќе најави дека утре нема да гласа за владата на партијата на Слави Трифонов, за БНТ коментира дека мора да се постигне политички договор за владата да трае до пролетта 2022 година.
Според Дончева, немало никаква пречка за тоа да се случи со мандатот на „Има таков народ“, освен нивната ароганција и желбата да не почитуваат никого во политичкиот живот во Бугарија.
Сепак, Дончева вели дека е разумно е да се формира влада во Бугарија со учество на сите парламентарни партии без ГЕРБ и ДПС.
Според неа, во парламентарната група на „Има таков народ“, освен најблиското опкружување на Слави Трифонов, сценаристите од неговата телевизија, има седум до осум пратеници кои можат да се обединат и да донесат одлука да ја поддржат владата.
Според ,Дончева, која е и заменик -претседател на 46. Народно собрание на Бугарија, разумно е да се формира влада со поддршка на претставниците на „Има таков народ“ да работи до следната пролет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.