Докторка од Помурје во Словенија издавала невалидни потврди за корона вирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора на Словенија.
Како што пренесуваат словенечките медиуми, обвинетата докторка вели дека ги издавала сертификатите врз основа на наодите што докажуваат присуство на антитела во телото, но тоа не е пропишан и валиден начин да се потврди дека некој прележал корона вирус.
Се посочува дека е потребен позитивен ПЦР тест постар од десет дена и не постар од 180 дена.
Една новинарка и се претставила на докторката како личност која била во контакт со заразено лице, но не била тестирана. Таа и рекла дека нема проблем и дека ќе и издаде потврда за 50 евра, под услов да биде тестирана за присуство на антитела.
Националниот институт за јавно здравје одговорило на новинарско барање дека станува збор за прекршок во надлежност на државниот инспекторат.
Лекарската комора потврдува дека добила пријава против докторката, но дека нема да ги открие деталите до крајот на постапката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.