Доктор од Здравствениот дом во Врбас, Дражен Пеша, физички нападнал медицинска сестра на работното место затоа што симнала икона од ѕид, јави РТС. Инцидентот се случил на крајот на минатата година, поточно на 7 декември, а за него се дознало дури сега откако на социјалните мрежи се појави аудио-снимка од настанот.
Од Здравствениот дом потврдиле дека лекар специјалист по портска медицина физички нападнал медицинска сестра пред еден сведок и тоа во текот на работното време во амбулантата за спортска медицина. Надлежните отворија истрага на 17 декември кога сестрата поднела пријава против нејзиниот колега.
– Немој да ја симнуваш Света Петка, се слуша како вика докторот, додека сестрата му одговара дека тоа е просторија во која и таа работи.
Сестрата која во моментов е на боледување, потврдила дека снимката е автентична и додала дека ги менувала календарите на крајот на годината, па затоа ја симнала иконата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.