На електронската пошта на редакциите на српските медиуми стигнале пораки дека бомби се поставени во градови низ Србија. Во заканувачките мејлови се наведува дека „човечки органи ќе летаат во воздух и дека улиците ќе бидат полни со крв“. Српскиот портал Нова во целост ја пренесе содржината на заканувачките мејлови.
Гледам вие сте и понатаму стока одвратна националистичка, ништо не сте научиле, не ви беше доволно НАТО да ве бомбардира, вие не се откажувате од идејата за „српско Косово“. Ако НАТО не ве натера да се откажете, ако првата генерација на УЧК не ве натера да се откажете, ние ќе ве натераме, така што војната ќе ја пренесеме во вашите домови, станови, фирми, канцеларии, на вашите улици.
Како што вие убивавте невини цивили по Косово, по Босна, по Хрватска, сега ќе видите како е тоа кога масакр се случува на улиците на вашите градови“, се наведува во мејлот кој на редакцијата на Нова ѝ стигнал од адресата: uck.second.generation.free.kosovo@gmail.com.
Во мејлот понатаму се наведува: „Улиците на Белград, Нови Сад, Пријепоље, Краљево ќе бидат полни со крв, разнесени човечки органи ќе летаат во воздух и ќе се лепат по ѕидовите. Мислите дека го заборавивме геноцидот од 1913? Е не сме го, како што не го заборавивме ни Рачак масакрот, како што не заборавивме ниеден цивил убиен на Косово.
Одмаздата е пред сè наменета за луѓето кои ги сметаме за најодговорни за злосторствата и за терористичката политика на српската држава. На тие места сега ќе има и колатерална штета, кој им е виновен кога работат со или за вас, четнички гомна. Звонко или Милан, ќе ви се напиеме од крвта“, пишува во мејлот.
Освен заканите со бомби, во мејлот се повикува на убиство на претседателот на Србија Александар Вучиќ, Милорад Додик, рускиот претседател Владимир Путин со закани до Српската православна црква со пораката „слобода за Косово“. Во мејлот се наведува дека Ц4 бомби со ампули со нервен агенс се поставени на повеќе локации низ Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.