Во селото Репаш кај Копривница домашно куче гризнало едномесечно бебе за глава. Девојчето е во животна опасност, јавуваат хрватските медиуми.
Новороденчето, родено во февурари, со Брза помош било пренесено во Загреб, а лекарите се борат за животот на несреќното девојче.

Девојчето било веднаш оперирано.

Полицијата спроведува истрага како дошло до инцидентот.

Бебето и кучето од видот дога живееле заедно во домот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.