Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, денеска повторно негираше дека бил извршен геноцид врз Бошњаците во Сребреница во 1995 година и изјави дека на спомен-гробиштата не се погребувани жртви, туку празни ковчези.
Ден пред 26-годишнината од геноцидот во кој војската и полицијата на босанските Срби убија повеќе од 8.000 Бошњаци, Додик во интервју за новинската агенција Срна рече дека меморијалниот комплекс во Поточари всушност не ги закопува посмртните останки, туку се носат празни ковчези, на кои само пишуваат имиња.
„Има информации дека ковчезите се празни, дека во нив нема остатоци, туку се става само името“, рече Додик, српскиот претставник во тричленото државно раководство.
Во Поточари досега се погребани останките на 6.652 жртви од Сребреница, чии тела се ексхумирани од бројни масовни гробници. Оваа година со нив ќе почиваат уште 19 идентификувани жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.