Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик најави дека ќе покрене иницијатива во Претседателството на БиХ со која ќе се осуди „формирањето на таканаречената војска на Косово“, бидејќи со тоа директно е загрозен Анексот 1 од Дејтонскиот договор за регионална стабилизација, јави Танјуг.

Тој потсети дека анексот предвидува стабилизација на регионот – контрола на наоружувањето во регионот и урамнотежено ниво на оружените сили на најниско можно ниво.

Според него, „со тој анекс формирањето на таканаречената војска на Косово е доведено во прашање“ и притоа е игнориран не само од приштинските власти, туку и од меѓународната заедница која застана зад Дејтонскиот договор.

Тој оцени дека со тоа се „игнорирани и понижени сите напори што ги вложија Србија и претседателот Александар Вучиќ за да се обезбеди стабилност и мир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.