Република Српска нема да прифати на нејзина територија да се формираат собирни центри за мигранти, изјави српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и истакна дека смета оти единствена правилна политика е мигрантите да се депортираат од каде што дошле.
Потсети дека имало обиди да се направат три или повеќе собирни центри за мигранти, од кои едниот би требало да биде во Бања Лука, потоа еден во Трново, како и еден во околината на Бјелина.
Тоа што можеме да направиме е навистина да им помогнеме што побрзо да поминат низ Република Српска, изјави Додик.
Додик рече и дека приказната во врска со мигрантите е смислена од страна на западна Европа и водечките индустриски земји, кои ги прифатиле мигрантите во поглед на хуманитарно решавање на тоа прашање.
А, потоа се покажа дека главната цел беше да дојдат до способна, млада работна сила, која им е потребна за нивната индустрија, наведува српскиот член на Претседателството на БиХ
Додик нагласи дека примарната цел на мигрантите е западна Европа, а не БиХ или Република Српска, како и дека единствена правилна политика е итна депортација, односно „протерување“ на мигрантите од БиХ.
Според државните податоци, дневно околу 150 мигранти пристигнуваат и поминуваат на територијата на Република Српска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.