Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик откри дека членовите на Федералната полиција (СИПА) вчера му се јавиле на телефон и го најавиле нивното доаѓање, но дека тоа не им било дозволено бидејќи тие не ги испочитувале процедурите, пишува Кликс.ба.
Бараат да видат кој е претседател на СНСД, кои се членови на Главниот одбор, бараат да го видат Статутот на СНСД, како и некои други акти. Сето тоа го имате јавно достапно. Ама ок, ако кажат дека не применуваат насилство и претрес, тогаш нека ни напишат писмо, нека побараат документи, ќе им закажеме термин и нека дојдат. Сето тоа е вака чудно. Ако се однесувате учтиво, тогаш ќе добиете документи. Или ќе мора да упаднете. Можеби е најдобро народот да види какви се дивјаците. Значи, тие досега немаат добиено никакви документи – рече Додик.
Тој додаде дека тие бараат од сите да вршат притисок, но тој притисок понекогаш може да биде контрапродуктивен.
Ако се избањаат и исчешлаат, и ако нема мирис од Сараево, тогаш можеме да соработуваме со нив -вели Додик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.