Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик денес ја почнува посетата на Москва, каде треба да се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин и претставници на Газпром, со кои ќе разговара за испораката на гас.
Ќе се сретнам со Путин и затоа одам таму. Стратегијата на Западот вели дека тука има некое малигно влијание на Русија, а нивната политика е не само малигна, туку погубна – Британија, делумно Америка, а гледам дека нема да имаме добра позиција ни кај новата влада на Германија. Но што да правам, не сме тука за да ги исполнуваме нивните желби“, кажа Додик.
Тој кажа дека работи на тоа на Русија и Кина да им објасни за што станува збор и тие сакаат да го слушнат, а наведе и дека се работи на тоа да се поднесе тужба против високиот претставник Кристијан Шмит во Германија.
Додик истакна дека Русија се покажа како важен партнер на Република Српска и дека тоа резултирало со економска соработка и испорака на енергенси по поволни цени.
„Верувам дека за нашите потреби и за потребите на изградба на гасовод и две гасни централни ќе се постигне договор и дека ќе ја зачуваме сегашната цена, како што направи Србија“, кажа Додик.
Наведе дека за време на посетата на Москва ќе разговара и за економски прашања, истакнувајќи дека изградбата на гасовод од Рача кон Бања Лука ќе биде тема и со претседателот на Русија и со главните луѓе на Газпром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.