Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави дека американската амбасада во Сараево е епицентарот на нестабилноста во Босна и Херцеговина, што се гледа и по односот кон Кристијан Шмит, кој е приватно лице а не висок претставник.

Додик во изјавата оцени дека би било добро за сите во БиХ американската амбасада во Сараево да престане со заканите и држењето лекции за уставноста и кршењето на Дејтонскиот договор.

„Нивните закани, со балкански јазик кажано, се силеџиски. Цело време нивното дејствување е на страната на муслиманскиот проект во БиХ, лажно претставувајќи се дека наводно прават функционална држава, а всушност работат за муслиманите и правењето нивна муслиманска држава“, кажа Додик, а пренесува РТРС.

Според него, тие нивни приказни се доказ повеќе дека тие се всушност уставниот суд на Босна и Херцеговина, заедно со оние кои со постојана закана со сила и санкции, упорно и цинично го кршат Дејтонскиот договор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.