Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му го предаде на српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, нацрт -законот за заштита на српскиот јазик и кирилицата, што треба да го усвојат собранијата на Република Србија и на Република Српска на Денот на националното единство на 15 септември, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ објави на Инстаграм дека бил домаќин на Додик и дека со него водел „суштински разговори за иднината на целиот регион“.

Како што наведе, тие особено ја разгледале иницијативата Отворен Балкан, но и конкретни проекти, како што е изградба на дел од автопатот од Кузмин до Бјелина.

-Се согласивме дека соработката меѓу Република Србија и Република Српска е исклучителна на сите нивоа и дека српскиот народ не смее и не може да си дозволи никакви конфликти и враќање во минатото, посочи Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.