Со цел да се утврдат причините и евентуалната одговорност за поплавите на Евија во кои животот го загубија осум лица, меѓу кои и едно бебе, грчкото Обвинителство отвори истрага, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, истрагата се однесува на евентуални кривични дела, а ќе опфати две паралелни истраги. Едната од Противпожарната служба за можни пропусти и грешки во справувањето со ситуацијата, а другата за евентуални нелегални градби.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера ги посети погодените делови од островот Евија и рече дека државата ќе им помогне на оние кои ги загубија нивните домови, бизниси или претрпеа материјална штета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.